Ливерпул ќе ја брка титулата во Лигата на шампионите без десната рака на Јирген Клоп или
„мозокот“ на Германецот како што самиот менаџер на Ливерпул обожава да вели.
Голем број на
весници од „Островото“ утрово пренесоа дека првиот асистент, Жељко Бувач си
заминал.
Извори од
Ливерпул потврдуваат дека Босанецот ќе биде отсутен до крајот на сезоната, но
инсистираат дека тој се уште е член на клубот од Енфилд. Жељко Бувач, кој беше
на клупата покрај Јирген Клоп за дуелот со Стоук во саботата, се повлекол од
функцијата и земал слободно време од лични причини. „Црвените“ сметаат дека
сето ова треба да остане приватно, и од почит нема да откриваат ништо во
моментов.
Жељко Бувач
соработува со Јирген Клоп од 2001, заедно беа во Маинц, потоа заедно се
преселија во Борусија Дортмунд, а сега заедно работат и во Ливерпул. Германецот го има
опишано својот прв помошник како „мојот мозок“ и тие толку добро се разбираат
што имаат телепатска врска.