29
ПСЖ синоќа имаше лоша вечер, загубија на свој терен од Лион, а им се повреди и еден од најдобрите фудбалери.
Витиња го повреди зглобот на ногата и мораше предвреме да го напушти натпреварот. За денеска се предвидени детални тестови по кои ќе биде утврдена тежината на повредата и колку време ќе биде во аут.
Повредата доаѓа пред полуфиналните пресметки со Баерн Минхен, па во ПСЖ се молат да не се работи за сериозна повреда.