554
Утре Баер Леверкузен ќе се обиде да направи чудо и да се врати од три гола негатива против Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Но, во таа битка Чаби Алонсо ќе влезе без својот најдобар фудбалер, Флоријан Вирц.
Леверкузен денеска потврди дека Вирц има повреда на зглобот и ќе биде во аут неколку недели.
Ова е удар за нив и во битката за титулата во Бундеслигата каде полека ги губат шансите во трката со Баерн Минхен.