87
Рома вечерва е
екипата за која се зборува, а има огромна причина за тоа, големата Барселона
падна на колена во Рим, откако на реванш пресметката со италијанската екипа
загуби со 3-0, иако на домашен терен славеше со 4-1, доживеа елиминација уште
во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Легендата на
тимот од Рим, Франческо Тоти не го криеше расположението по крајот од мечот, па
испрати јасна порака на социјалните мрежи по големиот успех на клубот каде ја
мина целата своја кариера.
„За вакви моменти
е убаво да се живее за овие бои! Ајде Рома!“ напиша тој.