Интересен текст ни доаѓа од една фејсбук страна на навивачи на Арсенал, „Arsenal – YU Fans“, кои прават многу добра аналогија споредувајќи го нивниот клуб со легендарниот мобилен телефон Нокиа 3310. Текстот ви го пренесуваме во целост:
Приказна за Нокиа 3310 и Арсенал
Некаде во 2000. година е произведена Нокиа 3310. Најдобриот мобилен телефон на сите времиња. Го нудеше сето она што беше потребно во тоа време. Разговори и смс пораки. Некои ќе речат ништо посебно, тоа го имаа и другите, но 3310 повторно беше неколку класи пред останатите. Самсунг, Сименс, Моторола и останатите го гледаат во грб од далеку. Тоа беше мобилен кој беше сигурен, добро работеше, батеријата траеше 5-7 дена, а ако по некој случај падне и го сркши оклопот, нов оклоп можевте да купите за 2-3 евра на пазар и 3310 повторно ќе беше како нов. Некои денешни врвни мобилни во тоа време не ни постоеа. Ајфон??? Ни на мапа. Каква врска има Нокиа со Венгер и Арсенал?
Некаде малку пред појавата на 3310 Арсен Венгер дојде во Арсенал и малку после појавата на 3310 ги создаде НЕПОБЕДЛИВИТЕ. Најдобриот фудбалски тим било кога во Англија. Сигурни, силни, добри, исти како Нокиа. И кога ќе примеа гол или губеа на полувреме, во второто полувреме ќе излезеа како нови и ќе победеа. Исто како Нокиа со нов оклоп. Во тој период имаше и фудбалски Сименси, Мотороли, Самсунзи… но Нокиа беше Арсенал. Ајфон го немаше ниту на мапа.
Но Нокиа наеднаш почна да тоне. Не го пратеше најдобро развојот на пазарот, вадеа некои нови модели но конкуренцијата беше многу појака по тоа прашање. Така и Арсенал. Разни обиди и ветувања дојдоа до тоа сега да сме 5. или 6. тим во Англија. Како и Нокиа во светот на мобилните. Ајфон и Самсунг (Сити и Челси) се на врвот, а нашата Нокиа вади некои модели кои речиси никој не ги купува односно не ги сака, но затоа најголемиот број на луѓе со задоволство се сеќава на фамозната 3310 и зборува само со пофалби за неа.
Венгер те прегази времето, ти си само обична Нокиа 3310 во светот на смартфони. А кога е така, тогаш резултатите однапред се знаат.