ЦР7 ја разбранува
фудбалската јавност откако секунди по триумфот на Реал Мадрид во финалето од
Лигата на шампионите навести заминување од Сантијаго Бернабеу. Изминативе денови
имаше многу стории на оваа тема, а сега целата ситуација ја прокоментира и Нуно
Гомеш, новинар и пријател на Кристијано Роналдо.
„Мислам дека нема
да замине, но се лути бидејќи му беше кажано дека ќе добие нов договор, времето
си минува, а нешто не се случува” – вели Нуно Гомеш.
„Ако погледнете
какви се платите на другите, Роналдо заостанува многу и сака признание од
клубот како што Барселона правеше со Чави, Иниеста и Меси. На краток период
добиваа нови и подобри договори, тоа ве прави среќен и секако добивавате повеќе
пари”.
„Односот со
Флорентино Перез е малку заладен, доби ветување од клубот за нов договор и
покачување на платата. Кога праша кога ќе се случи тоа, му кажаа дека сега не е
време. Еве сезоната заврши и се уште нема ништо. Тој е разочаран и тажен
бидејќи клубот не го испочитува зборот кој го даде”.
Запрашан дали
Кристијано Роналдо би можел да направи трансфер, Нуно Гомеш додава: „Рано е да
се зборува за ова, нема подобар клуб од Реал за Роналдо, и тој го обожава
Мадрид”.
„Секако тука е
ПСЖ кој има дамнешен сон да го ангажира. Во Европа има само две опции, или да
отиде во ПСЖ за повеќе пари или да се врати во Манчестер јунајтед. Но прва цел
му е останување во Мадрид, не гледа подобар клуб од Реал за освојување на титули
и „Златната топка““.