Рим до раните
утрински часови ја славеше големата победа над Барселона и пласманот во
полуфинале од Лигата на шампионите. Лудилото го зафати и претседателот на Рома,
Џејмс Палота кој изведе салто во фонтана на Пјаца дел Пополо.
Бизнисменот од САД
за ваквиот потег сепак заработи казна и парична глоба од 500 евра, која сигурно со
задоволство ќе ја плати.
„Разговаравме и
се извини” – вели градоначалничката
на Рим, Вирџинија Раџи. „Го понесе моментот и големата возбуда, но свесен е за
тоа колку е важен примерот кој тој треба да го даде на другите. И секако, ќе си
плати казна“.
#Roma president, James Pallotta, throwing himself in the fountain of Piazza del Popolo with fans going crazy pic.twitter.com/ErY9rzZuJJ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 10, 2018