Претседателот на Рома се фрлаше во фонтана (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома синоќа дојде до една од најголемите победи во својата историја, ја елиминираше Барселона иако го загуби првиот натпревар со 4-1. Сензација каква што ретко се гледа. Еден од најсреќните луѓе беше и претседателот Џејмс Палота.

„Никогаш не сум ја видел Рома да одигра толку доминантни 95 минути против еден противник како што беше вечева. Немавме среќа во првиот меч, со недосудени пенали и се останато. Но она што се случи вечерва беше неверојатно“, изјави Палота пред да им се приклучи на фановите во големото славје на „Пјаца дел Пополо“ каде се фрли во фонтаната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани