Одличниот голман
на италијанскиот калчолигаш Рома, Алисон Бекер е доста интересен за повеќе
европски гиганти, барем така пренесуваат медиумите, но очигледно дека тимот од
Рим нема намера да се откаже од неговите услуги, а за тоа сведочи изјавата на
претседателот на клубот, Џејмс Палота.
„Не разбирам
зошто луѓето постојано ме прашуваат дали Алисон и наредната сезона ќе биде наш
голман. Немаме намера да го продадеме. Мислам, нема никакви шанси, нула се
шансите за да се дојде до такво нешто. Сигурен сум дека ќе пристигнуваат
понуди, но, ние како клуб немаме никаков интерес да го продадеме. Тој е одличен
голман“ рече тој.
Како
заинтересирани клубови за потписот на Бразилецот се појавија Реал Мадрид, ПСЖ,
како и противникот на Рома во полуфиналето од
Лигата на шампионите, Ливерпул.