Флореин Товеин е фудбалерот кој игра во животна форма
во дресот на Олимпик Марсеј, каде пристигна од англиски Њукасл, а таму одигра
само 13 натпревари, по што следеше позајмица во францускиот прволигаш од каде
замина на Островот, по што и остана во тој клуб.
Со фантастичните
игри Товеин го привлече вниманието на себе од страна на повеќе европски
гиганти, но, претседателот на Олимпик Марсеј, Жак-Енри Ејро најави дека и
понуда од 80 милиони евра да пристигне за него, тој не би ни ја погледнал.
„Доколку
пристигне некоја понуда од 80 милиони евра за Флориен Товиен, нема ниту да ја
погледнам“ вели Ејро.
„Тој е свесен
дека Олимпик Марсеј како клуб му даде се’ што му беше потребно за да стане играч од таков
калибар, ова не е крај на приказната, постојат уште многу убави страни кои
треба да се испишат, ние сметаме на него иза идната сезона, дури и за подолг
период“ додаде тој.
Интерес за Товеин
кого ќе го гледаме и на Светското првенство во Русија идниот месец во дресот на
Франција, пријавија Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.