Големи се шансите Гризман од следната сезона да го носи дресот на Манчестер јунајтед. Ако англискиот клуб ја активира откупната клаузула од 100 милиони евра, Атлетико Мадрид не може да му застане на патот.
Гризман е главна тема во шпанските и англиските медиуми, па претседателот на Атлетико Мадрид беше запрашан за интересот за Гризман.
„Манчестер јунајтед?… Мал клуб!“ – очигледно расположен за тролање бил претседателот на Атлетико Мадрид.
„Верувам во договорите кои ги потпишуваат луѓето, тоа го мислам и за Диего Симеоне и Гризман“.
Договорот на Антоан Гризман со Атлетико Мадрид трае до крајот на сезоната 2020/2021, но се поизвесно е дека ги игра последните месеци за шпанскиот клуб.
Карезо проговори и за ситуацијата на нивниот поранешен играч, Атлетико Мадрид за кој само пред некој ден рече дека е глупав.
„На радио реков дека Агуеро беше глупав, но не мислам дека е глупав. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, реков дека е глупав за напуштањето на Атлетико. Тој е одличен фудбалер и добар пријател, му ја посакувам целата среќа на светот во Манчестер Сити“.