Премиерлигашите ќе продолжат да се расфрлаат со пари, Скај Спорт и БТ ќе плаќаат над 9 милиони фунти по меч!

by
1 минути читање

Клубовите од
најсилното првенство во Англија и во следните неколку години ќе се расфрлаат со
пари. Скај Спортс и БТ ќе искешираат 4,46 милијарди фунти за новите ТВ права од
Премиерлигата за периодот од 2019 до 2022 година.

Скај Спортс
обезбеди четири од седумте пакети кои беа понудени, и ќе одвои 3,579 милијарди
фунти за 128 натпревари во една сезона, или ќе плаќа 9,3 милиони фунти по меч.

БТ обезбеди еден
пакет од 32 натпревари во една сезона, за кој ќе искешира 885 милиони фунти,
или околу 9,2 милиони фунти по меч.

Бројката од 4,46
милијарди фунти е пониска од сумата од 5,19 милијарди која беше постигната за
сегашниот договор (од 2016 до 2019 година), но на продажба се уште два пакета
кои сигурно ќе придонесат вкупната сума на новиот договор за ТВ права да биде
повисока.

Скај Спортс и БТ
имаат право да ги купат и овие два пакети но првите луѓе на Премиерлигата се
надеваат дека ќе ги привлечат гигантите од САД како Амазон и Фејсбук.

Овие седум пакети
се однесуваат само за пренесување натпервари во живо во Велика Британија,
пакетите за странство допрва ќе бидат ставени на продажба и се очекува да бидат
продадени за повеќе од 3 милијарди фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани