Напаѓачот Хоакин Паничели одлично ја започна авантурата во Стразбур, има 9 погодоци на 10 натпревари во најсилното првенство на Франција, па се најде на радарот на Барселона, Челси, Милан и многу други.
Пред два месеци малкумина знаеја кој е Хоакин Паничели, но Аргентинецот сега е една од најкоментираните приказни во европскиот фудбал, тој има сензационален почеток на сезоната во Стразбур и во моментов е прв стрелец во Лига 1.
Хоакин Паничели во јануари 2023 пристигнува во Европа, потпиша со Алавес, но набрзо доживеа голем пех, ги скина лигаментите на коленото и паузираше шест месеци.
Но тешката повреда го прави само посилен, и на позјмица во Мирандес во втората лига на Шпанија тој еруптира со 21 погодок и 8 асистенции на 44 натпревари.
Летоска Стразбур реши да инвестира 16,5 милиони евра плус бонуси за да го донесе во своите редови, а тој одговори со 9 погодоци на 10 натпревари во најсилното првенство на Франција.
Па гигантите ширум Европа веднаш застанаа во редот и се почесто се говори за тоа дека Хоакин Паничели е на радарот на Барселона, Челси, Милан и многу други.
ФОТО: X/Racing Club de Strasbourg Alsace English