266
Медиумите откриваат детали од договорот помеѓу Марио Балотели и Џенова, напаѓачот прифатил да игра за плата вредна помеѓу 250.000 и 300.000 евра по сезона.
Марио Балотели ова лето се поврзуваше со многу клубови, неколку егзотични дестинации, но најблиску е до враќање во Серија А.
Алберто Џилардино изрази желба да го донесе напаѓачот во Џенова, двете страни отворија преговори и начелно постигнале договор.
Како што пренесува Газета дело Спорт, Марио Балотели прифатил да го облече дресот на „Грифоне“ за плата вредна помеѓу 250.000 и 300.000 евра по сезона.
Само за споредба, Марио Балотели на 18 години во Интер заработуваше 1,5 милиони евра по сезона.