Познати сите детали: Белингам оди по стапките на својот брат!

by Стефан
1 минути читање

Борусија Дортмунд и Сандерленд ссе договорија и Џоб Белингам, братот на Џуд ќе го облече дресот на „милионерите“.

Германскиот клуб ќе издвои 33 милиони евра како фиксна сума, а договорот предвидува и дополнителни 5 милиони евра преку бонуси, со што потенцијалната вредност на трансферот може да достигне вкупно 38 милиони евра. Во пакетот е вметната и клаузула од 15% од евентуалната идна продажба

Станува збор за рекорден трансфер во историјата на англискиот клуб, кој претходно одби почетна понуда од 20 милиони евра. Од другата страна, Џоб Белингам станува вториот најскапо платен фудбалер во историјата на Дортмунд кога станува збор за фиксна отштета.

Младиот талент со тоа го следи патот на својот постар брат Џуд, кој исто така блескаше во дресот на Борусија пред да направи голем трансфер во шпанската престолнина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани