Квалификациите се ближат кон крајот, а местата за Светското првенство се пополнуваат, вчера имаше пет нови репрезентации кои обезбедија пласман на Мундијалот.
Веќе се познати 28 од вкупно 48 репрезентации што ќе учествуваат вклучувајќи ги и домаќините САД, Мексико и Канада.
Од Европа прва се пласира Англија која со максимални 18 бода и неверојатна гол разлика од 18-0 го завери првото место.
Покрај Англија вчера билет си обезбедија уште четири селекции, две од Африка и две од Азија.
Од Африка тоа беа Сенегал и Брегот на Словновата Коска, а од Азија Саудиска Арабија и Катар.
Засега има три селекции кои се пласираа како дебитанти на Мундијалите, тоа се Зеленортските острови,Јордан и Узбекистан.
