Познати се казните за инцидентот во Солун, Савидис три години нема да го гледа ПАОК

by
1 минути читање

Незадоволен од судиска одлука во финишот од мечот, претседателот на ПАОК, Иван Савидис со пиштол влезе во теренот за да бара правда. Натпреварот беше прекинат, а Владата го суспендираше првенството.

Фудбалската федерација денеска ги соопшти казните за учесниците во нередите, разбирливо, најмногу настрада претседателот на ПАОК, Иван Савидис.

Тој е суспендиран на три години, во тој период нема да може да го гледа ПАОК на стадион, а ќе треба да плати и парична казна од 100.000 евра.

На ПАОК му се одземени три бода, но ќе има и минус два за следната сезона, три натпревари на домашен терен ќе играат без публика, а ќе платат и парична казна од 63.000 евра.

Натпреварот е регистриран со службени 3-0.

Грчкото првенство кое беше суспендирано, овој викенд ќе продолжи по три неделна пауза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани