Познати детали: Во Сити паднал договор со важен фудбалер за до 2030 година

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, постигнал вербален договор со клубот за нов четиригодишен договор, пренесува „Би-Би-Си“.

Според информациите, договорот на 25-годишниот англиски репрезентативец истекува следното лето, но по новата соработка тој би останал на „Етихад“ до 2030 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Фоден во последните месеци не е во најдобра форма и нема постигнато гол од 14 декември. Вчера влезе од клупата на натпреварот против Евертон (3-3), по кој Сити заостанува пет бода зад лидерот Арсенал со одигран натпревар помалку.

Во меѓувреме, Фоден се обидува да се избори за место во репрезентацијата на Англија за Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Селекторот Томас Тухел минатиот месец порача дека неговото место во тимот не е загарантирано и покрај тоа што беше стартер на последните два натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×