Позната иднината на Рашфорд!

by Стефан
0 минути читање

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд нема да ја продолжи својата кариера во редовите на Астон Вила, и покрај надежите дека клубот ќе го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед.

Иако се надеваше на нов почеток во Бирмингем, трансферот на Рашфорд пропадна откако раководството на „вилаците“ одлучи да не ја активира клаузулата од 46 милиони евра. 

Во изминатата сезона, 26-годишниот фудбалер одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, при што запиша 11 погодоци и 9 асистенции, но очигледно тоа не беше доволно да го убеди тимот од „Вила Парк“ во траен ангажман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×