Познат стартниот состав на Македонија за мечот со Гибралтар

by
1 минути читање

Македонија денеска треба да го завери пласманот во полуфиналето од Лигата на нации, за тоа е потребен само бод, но избраниците на Ангеловски одат на победа која е важна за тој полуфинален меч да се игра на домашен терен.

Во составот го нема Горан Пандев поради суспензија, се враќаат Елмас и Алиоски кои од истата причина го пропуштија дуелот со Лихтенштајн. Адеми кој имаше здравствени проблеми е на клупата за резерви.

На голот е Столе Димитриевски, во одбраната Кире Ристовски, Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи, по страните ќе играат Езџан Алиоски и Иван Тричковски, Бобан Николов и Енис Барди се во средината, пред нив ќе игра Елиф Елмас, во нападот дуото о Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани