Ретко кој
очекуваше дека Олимпик Марсеј со вкупен резултат од 5-2 ќе го елиминира Атлетик
Билбао кој не успеа ниту да му парира на францускиот тим.
По домашната
победа од 3-1, Олимпик Марсеј вечерва славеше и со 1-2 на гостински терен кај
својот ривал и обезбеди место меѓу осумте најдобри на Лига Европа.
Сепак, нередите
во Билбао беа главна тема од овој фудбалски натпревар, а навивачите на
францускиот прволигаш кои отидоа да го бодрат својот омилен тим во Билбао
направија вистински хаос како на стадионот, така и вон него.
Хулиганите палеа
бакли на трибинскиот простор каде беа сместени, а дел од нив дури и ги фрлаа
кон домашните навивачи, по што еден навивач на шпанскиот прволигаш се здобил со
повреда.
Притоа,
гостинските навивачи се пресметаа со редарите, а дури и со полицијата на
трибината каде беа сместени, откако овие им пријдоа да им ги одземат
пиротехничките средства.
Тамошните медиуми
пренесуваат дека полицијата за да воведе ред и мир употребила и сила при
својата интервенција.