Челси попладнево го комплетираше трансферот на Жоао Педро, Бразилецот е последниот играч кој го замени Брајтон со „сините“ од Стемфорд Бриџ.
Жоао Педро е ново засилување за офанзивата на Челси, Бразилецот попладнево го комплетираше трансферот, стви потпис на договор до 2033 година и веднаш им се приклучи на „сините“ во САД и подготовките за натпреварот против Палмеирас на Светското клупско првенство.
„Сите знаат дека ова е голем клуб со богата историја. Имаа брилијантни играчи во минатото, а имаат брилијантни играчи и сега. Па возбуден сум што ќе бидам дел од овој тим и знаете, кога сте играч на Челси мислите само на една работа – на победа“ – вели Жоао Педро.
Жоао Педро (60 милиони фунти) е четвртиот играч кој го менува Брајтон со „сините“ од Стемфорд Бриџ во последните три години, претходно истото го сторија и Марк Кукуреља (63 милиони фунти), Роберт Санчез (25 милиони фунти) и Моисес Каиседо (115 милиони фунти).
Ако во предвид се земе дека Челси на Брајтон му плати и околу 22 милиони фунти за ангажман на тренерот Грем Потер и неговиот персонал, популарните „галеби“ им лапнаа речиси 300 милиони фунти на „сините“ во последните три години.
ФОТО: X/Chelsea FC