Лондонскиот премиерлигаш
Арсенал изминатото лето беше на прагот да го реализира долго посакуваниот
трансфер на Томас Лемар од Монако, но до тоа не дојде, иако недостасуваше
малку.
22 годишниот крилен
фудбалер со потекло од Гвадалопе со француско државјанство повторно е во опција
за тимот на Арсен Венгер, а не се исклучува можноста преговорите да се
реактивираат во јануарскиот преоден рок.
Лемар ги крена фановите
на Арсенал на нозе со неговиот последен потег на социјалните мрежи откако
лајкна коментар на навивач на тимот од Лондон во кој пишуваше „Добредојде во
Арсенал“.
Преговорите помеѓу
Монако и Арсенал за зделката вредна 80 милиони фунти беше начелно договорена,
но истата пропадна откако Манчестер Сити не беше конкретен во најавуваниот
трансфер на Алексис Санчез.