Постојат само формалности околу трансферот на Артур во Барселона

by
1 минути читање

Бразилецот Артур Мело ќе
премине во редовите на каталонскиот гигант, за ова стигна и потврда од неговиот
сегашен клуб Гремио, Ромилдо Болзан.

На добар пат сме околу
финализацијата на овој трансфер, само што документите се уште не се потпишани,
но, трансферот е сепак во завршна фаза
“ рече Болзан за бразилските медиуми.

21 годишниот Артур кој
игра во средината на теренот е вброен помеѓу најталентираните фудбалери во
Бразил.

Шпанските медиуми
пренесуваат дека Артур ќе остане во Гремио како позајмен фудбалер и ќе се
пресели на Камп Ноу во јануари идната година, барем таков договор се очекува да
падне помеѓу Барселона и Гремио.

Очекувањата се Артур да
потпише петгодишен договор, а Барселона за овој трансфер ќе издвои 30 милиони
евра, додатно уште 10 милиони евра низ бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани