7
Челси е подготвен да ја активира откупната клаузула на Диого Кошта и со 60 милиони евра да го ангажира голманот на Порто.
„Сините“ до овој момент инвестираа нешто под 400 милиони евра за засилувања ова лето, но реконструкцијата на тимот не е завршена.
Чаби Алонсо побарал и ангажман на Диого Кошта од Порто, голманот е последното парче од сложувалката на Шпанецот.
Челси е подготвен да му ја исполни желбата на својот тренер и со 60 милиони евра да ја активира откупната клаузула на Португалецот.