131
Бразилецот Фабињо
е првото летно засилување за Ливерпул пред стартот на идната сезона, износот на
трансферот е 50 милиони евра, но не баш цела сума отиде на сметката на Монако,
одреден дел легна на сметката и на Рио Аве.
Според
информациите, португалскиот прволигаш ќе заработи цели 4 милиони евра од
колачот вреден 50 милиони евра.
Тоа што е
најинтересно во целата оваа ситуација, Рио Аве не му даде прилика за докажување
на ниту еден натпревар, па Бразилецот беше испраќан на позајмици во Реал Мадрид
Кастиља, како и Реал Мадрид, со ист статус беше и во Монако, но францускиот
прволигаш целосно го откупи неговиот договор.