По поразот од Брајтон, избраниците на Жозе Мурињо вчера одново разочараа и одиграа само 0-0 на гостувањето кај Вест Хем.
Па статистичарите веднаш извадија бројка која покажува како моќниот Манчестер јунајтед падна по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013.
Без Шкотот на кормилото, „Црвените ѓаволи“ имаат одиграно дури 19 натпревари со најнеполуларниот резултат 0-0, повеќе од било кој друг клуб во Премиерлигата (само Саутемтпон има иста бројка).
Па се чини дека фановите со право се бунат и бараат многу повеќе од тимот во кој има скапи ѕвезди и имиња како Пол Погба и Алексис Санчез.
19 – Since Sir Alex Ferguson retired at the end of the 2012-13 season, no Premier League team has drawn more matches nil-nil than Manchester United (19, level with Southampton). Dull.
— OptaJoe (@OptaJoe) May 10, 2018