Поранешниот претседател на Реал ја откри тактиката на Перез и што се крие зад шпекулациите за мега трансферот на Нејмар

by
2 минути читање

Реал Мадрид игра далеку под очекувањата, уште на половина од сезоната „Кралевите“ ја загубија битката за титулата во Шпанија и сега целта им што побрзо да ги консолидираат редовите за да не се посрамотат во Копа дел Реј и Лигата на шампионите.

Роналдо, Бејл и Бензема се во очајна голгетерска форма, па се најавува реконструкција на тимот по крајот на сезоната.

Подолго време се говори за мега трансфер на Нејмар, па поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон направи мала анализа за медиумите од Франција.

„Ова е стратегија која Реал Мадрид секогаш ја користи за да ги дефокусира фановите од сегашните проблеми и да продаде сон за следната сезона“ – вели Калдерон за се почестите гласини за пристигнување на Нејмар на Сантијаго Бернабеу.

„Кога ќе се појават вакви вести, клубот ја гледа реакцијата на луѓето. Сака да види што мислат тие за пристигнување на Нејмар и евентуално заминување на Роналдо“.

Запрашан дали ова е само трик за одлекување на вниманието, Калдерон вели: „Не, Перез не го прави ова само од забава. Доколку Реал Мадрид дозволил вакви информации да дојдат до медиумите, тоа значи дека тие веруваат дека можат да го купат играчот. Мислам дека Реал има одредени информации за откупна клаузула во договорот на Нејмар, можат да ја платат оваа сума и играчот е заинтересиран за преселба во Мадрид. Исто така со ова се прави притисок врз Роналдо и го охрабруваат да замине. Мислам дека Перез веќе на ум има да го продаде Роналдо и со парите кои ќе ги добие ќе може да плати висока сума за играч како Нејамр“.

Околу можноста Нејмар да замине од ПСЖ по само 12 месеци, Калдерон додава: „Да, сигурен сум дека може да се случи тоа бидејќи Реал е сон за секој играч. Ако клубот има пари и играчот сака да дојде зделката е возможна. Волјата на играчот е клучна во вакви трансфери. Доколку нема откупна клаузула во договорот на Нејмар, ПСЖ никогаш нема да седне на преговори со Реал Мадрид. Мора да има клаузула која му овозможува на играчот да замине без да има преговори помеѓу клубовите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани