149
Војчех Шчесни од
клупата за резервни фудбалери го проследи реванш дуелот против Тотенхем во
осминафиналето од Лигата на шампионите, каде неговиот тим Јувентус славеше на
Вембли со 1-2 сред Лондон, и со домашното реми од 2-2 обезбеди место во
четвртфиналето.
По средбата во Лондон,
полскиот чувар на мрежата од голот на тимот од Торино, не заборави да ги „пецне“
фановите на Тотенхем, со тоа што го истрола големиот ривал на Арсенал, неговиот
поранешен клуб.
„Голема победа и
прослава против еден од најдобрите тимови во Северен Лондон, ФОРЦА ЈУВЕ!!!“
напиша полскиот голман.