Поранешен првак и човек кој ги водеше Милан и Интер е кандидат за клупата на Јувентус!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јавноста во Италија буквално лицитира со имиња за потенцијален нов тренер на Јувентус.

Последно име кое се појави на листата е поранешниот италијански првак со Милан, Стефано Пиоли. Човекот кој во моментов го води Ал Наср во Саудиска Арабија е една од опциите на „старата дама“. Според Италијанците, Пиоли е прва опција на управата на Јувентус за наследник на Мота.

Освен Пиоли на листата се наоѓаат искусните Антонио Конте и Џанпјеро Гасперини.

Тиаго Мота може да си ја спаси својата функција во клубот, но за такво нешто треба да направи успех и да се пласира во Лигата на шампионите. Сепак, ниту во таков случај не би бил целосно безбеден, мора да ја убеди управата дека е вистинскиот човек за клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани