Поранешен голман на Реал за Роналдо: На работниците им купуваше подароци, тој е феномен!

by riste
1 минути читање

Кристијано Роналдо девет години од својата кариера ги помина во Реал Мадрид каде постави бројни рекорди, но Португалецот се истакнал и по човечки особини.

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља открива дека Роналдо често делел подароци и на соиграчите и на работниците во клубовите.

„Тој е феномен, надчовечка личност која му помага дури и на последното дете кое минува низ младинскиот погон“, вели Касиља.

„Побарајте од него било што и тој ќе ви го даде тоа. Најдобар пример за неговите дела датира од претсезонски тренинг камп во САД. Кога одевме на подготовки во САД, тој на сите работници, физиотерапевти, сите кои работеа во клубот им купи Ајфон и Епл Воч од таа година“.

„Роналдо не сакаше со тоа да се фали, па ниту еднаш од неговата уста нема излезено дека ги дарувал вработените. За тоа зборуваат другите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×