72
Џанлука Курчи,
екс голманот на Рома, а воедно и Мајнц, во периодот од 2015-2017 му беше
резерва на Лорис Кариус, трагичарот на Ливерпул во овосезонското финале од
Лигата на шампионите, каде два од вкупно трите гола на Реал Мадрид беа токму по
грешка на германскиот голман.
„Клубот одлучи да
му бидам замена, сакаа да му ја подигнат вредноста за да го продадат за висока
сума, Кариус имаше многу среќа, но, тоа не помага секогаш, како на пример, во
финалето од Лигата на шампионите“ рече Курчи.
„Тој не е
подготвен за најголемото ниво во фудбалот, третиот гол можеше да му се случи на
секого, но, првиот гол не би го примил ни мојот деветгодишен син“ додаде тој.