Португалецот кога
беше на кормилото на Реал Мадрид влезе во војна со неколку ѕвезди на тимот,
една од нив беше иконата Икер Касиљас. За тоа колку биле
заладени односите помеѓу двајцата сега открива поранешниот голман на Интер,
Жулио Цезар.
Во 2013, откако
Бразил со 3-0 ја совлада Шпанија во финалето на Купот на Конфедерации, Жулио
Цезар беше прогласен за најдобар голман а наградата ја подигна во дрес на Икер
Касиљас. Бразилецот на овој начин сакаше да му оддаде почит на својот колега за
се она што има сторено во кариерата.
„Кога дојдов во
соблекувалната, видов порака од Мурињо на мојот мобилен” – открива Жулио Цезар.
„Пораката
гласеше: „Ти си луд, Касиљас треба да го облече твојот дрес а на обратно!“. Ми
кажа дека со една рака можам да одбранам повеќе топки од Касиљас”.
Откако завршиле
сите церемонии, Икер Касиљас се упатил во соблекувалната на Бразил за да му се
заблагодари на Жулио Цезар за гестот.
„Икер дојде во
соблекувалната за да разговараме и му кажав дека треба да има дискусија со Жозе
Мурињо, знам дека тоа е тешко но мораше да се соочи. Мурињо сака да разговара
лице в лице со играчите кои ги смета дека се ѕвезди во тимот”.