Поради хаосот во Рим Серија А направи важна промена за наредната сезона

by Стефан
1 минути читање

Од наредната сезона во италијанскто фудбалско првенство повеќе нема да се играат натпревари во вечерен термин, потврдија од Министерството за внатрешни работи во Италија.

Ваквата одлука се донесе по хаосот во Рим пред градското дерби помеѓу Рома и Лацио во кое беа повредени 24 полицајци.

„Во текот на сезоната 2025/2026 нема да биде дозволено натпреварите со висок ризик да се играат во вечерните термини како што беше случај со дуелот помеѓу Рома и Лацио“, стои во соопштението.

Според пишувањето на медиумите двата клуба добиле и забрана за присуство на гостински навивач во следните три гостувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани