64
Барселона го доби првиот
меч против Валенсија во двобојот од шпанскиот Куп, со 1-0 славеше пред своја
публика во пресрет на реваншот, а на мечот камерите беа вперени кон една
стравствена навивачка на каталонскиот клуб.
Минути пред почетокот на
мечот камерите ја уловија Лусиа како плаче на трибините од Камп Ноу, причината
е јасна, таа е голем фан на клубот и ова било прв пат да присуствува на меч на
Барселона.
Допатувала од јужна
Шпанија, поточно Кордоба, а нејзиниот омилен фудбалер е Серхио Бускетс, штом
заврши средбата тој дозна за неа и отиде да ја поздрави, и подари дрес, а
направија и заедничка фотографија, но солзите радосници за Лусиа не
престанаа…