Популарниот „Жолт ѕид“ ќе го има и во Премиерлигата, но во поинаква боја (ФОТО)

by
1 минути читање

Евертон веќе ги
доставил плановите за тоа како ќе изгледа новиот стадион на кој оваа екипа
планира да се префрли, а според информациите кои пристигнуваат од таму, се вели
дека планот е да се направи и трибина како онаа на „Жолтиот ѕид“, која секако,
ќе биде за најверните навивачи на клубот, нешто слично како онаа на фановите на
Борусија  Дортмунд, стрмна трибина.

Нашиот план е да
направиме голема и долга домашна трибина на јужниот дел од стадионот, нешто
слично со „Жолтиот ѕид“ на Борусија Дортмунд
“ рече Ден Мојс, еден од главните
архитекти на овој проект кој додаде дека истата ќе има капацитет да собере од
12 до 15 илјади навивачи на Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани