Понуда од која боли глава, еве како Атлетико го убедува Гризман да остане

by
1 минути читање

Напаѓачот во
договорот има откупна клаузула која летоска ќе падне од 200 на 100 милиони
евра, сума која и не е толку висока на овој луд трансфер пазар, па затоа
името на Антоан Гризман се поврзува со неколку клубови како Барселона, ПСЖ и
Манчестер јунајтед.

Но Атлетико
Мадрид нема лесно да се предаде, „Колчонероси“ не сакаат Французинот да замине
па му доставиле понуда од која боли глава.

Според Ла Разон,
Атлетико на Антоан Гризман му понудил годишна плата од 20 милиони евра со што
играчот ќе стане далеку најплатениот во историјата на клубот, но и еден од
најплатените во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани