Помладите играчи на Реал му замериле на Зидан: Оние кои тренираат најнапорно не играат!

by
2 минути читање

„Кралевите“ ја
продлабочија кризата овој викенд откако одиграа само 2-2 на гостувањето кај
Бетис и сега заостануваат дури 16 бода во однос на лутиот ривал Барселона.

И додека Примера
е загубена, Реал Мадрид треба што поскоро да се врати во топ форма за
пресметката со ПСЖ во Лигата на шампионите, како и натпреварите од Копа дел
Реј.

Па по ремито со
Бетис, Зинедин Зидан имал состанок со фудбалерите. Французинот не сакаше да
открие за што било разговарано и само порача: „Разговаравме бидејќи тоа беше
неопходно. Не разговаравме само колку да се рече дека сме имале состанок, туку
да се извлече нешто од средбата
.

„Кога поминуваме
низ ваков период, кога не оди според планот, рецептот е работа,
работа и само работа
.

Емисијата „Ел
Ларгеро“ на Кадена Сер објави дека состанокот придонел Реал Мадрид дури 53
минути подоцна од планираното да го започне тренингот.

Зинедин Зидан
зборувал за тоа колку е „критична ситуацијата“, а свое мислење дале и постарите
играчи како Серхио Рамос и Кристијано Роналдо.

Збор добиле и
оние помладите, кои му замериле на Зинедин Зидан дека оние кои тренираат
најнапорно не играат.

Останува да се види како Зинедин Зидан ќе го извади својот тим од кризата, првите ѕвезди на тимот некако да заблескаат и покрај тоа што Французинот упорно верува во нив и постојано им дава шанса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани