Се одиграа првите
45 минути во финалната битка за овосезонскиот куп-трофеј на Македонија, а
учесниците се исти како и лани, бранителот на трофејот Пелистер и шампионот од
Првата лига, Шкендија.
Шкендија од 20.
минута има минимално водство од 1-0 а стрелец на единствениот гол по првите 45
минути игра беше Висар Муслиу, репрезентативецот на Македонија биеше доста
прецизен во обидот со глава и ја смести топката во мрежата од голот на
Битолчани кои не успеаа да парираат на големиот фаворит, за што доволно говори
и статистиката од првото полувреме.
Пелистер: Атанасовски; Неданоски,
Котевски Нерес, Илиевски; Коњарски, Маркоски, Трифуновски, Наумоски, Љамчевски
и Марковски.
Шкендија: Захов; Мурати,
Бејтулаи, Цуцули, Муслиу; Алими, Фазлагиќ, Жуниор; Радески, Ибраими и
Хасани.
Главен арбитар на средбата во Струмица е Марјан Маркоски.