Ерменија има
минимално водство од 1-0 по првите 45 минути игра на мечот против Македонија во
Ереван во рамките на четвртото коло од групата „4“ од Лига „Д“ во Лигата на
нации.
Две исклучително
дискутабилни одлуки на шведскиот арбитар Стромбергсон влијаеа на резултатот до
паузата, најпрво Пицели погоди во 12. минута а на голот му „кумуваше“ нашиот
голман Димитриевски кој имаше голем кикс во својата реакција, но, претходно на
Ристовски му беше одземена топката под прекршок.
Втората, исто
така чудна одлука на шведскиот арбитар беше прекршокот над Барди во казнениот
простор на домаќините каде не се реши да покаже кон белата точка, сепак, првото
полувреме избраниците на Ангеловски го завршија без ниту еден удар во рамките
на голот на домаќинот, кој пак имаше девет обиди, а три беа во рамките на
нашиот гол.
Во моментов и
натаму нашата репрезентација е водечка во својата конкуренција со 9 бодови,
вклучувајќи го активниот резултат во Ереван, три повеќе од Ерменија, односно по
шест бода предност во однос на Лихтенштајн и Гибралтар, кои имаат меч помалку.