Полицаец го загуби животот во нередите од пресметката помеѓу фановите на Атлетик Билбао и Спартак Москва (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Атлетик Билбао и Спартак
Москва вечерва ја играат реванш пресметката од шеснаесфиналето од Лига Европа,
откако шпанскиот тим обезбеди победа од 1-3 на гостувањето во Русија во првиот
меч.

Трагичен настан се случи
пред стартот на натпреварот на арената „Сан Мамеш“ каде животот го загуби
еден полициски службеник по нередите откако се судрија навивачите на двете екипи низ улиците на Билбао.

Според информациите, полицаецот го загубил својот живот по срцев удар, а во тие моменти кон бранителите на редот и мирот биле фрлани стаклени
чаши и бакљи, околу 200 руски хулигани во моментите пред да се случи трагичниот настан фрлале такви предмети кон полициските службеници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани