72
Тотенхем и
неговиот шеф на стручниот штаб Маурисио Покетино се договорија на продолжување
на соработката со тоа што аргентинскиот фудбалски стратег ќе остане во тимот од
Лондон до 2023. година, доколку истиот се испочитува докрај.
„Воодушевени сме
со тоа што ќе известиме дека Маурисио Покетино потпиша нов петгодишен договор
со клубот, кој ќе има важност до 2023“ објави Тотенхем на социјалните мрежи.
Покетино на
клупата на Тотенхем е од 2014. година, претходно ги предводеше екипите на
Еспањол, како и Саутемптон.