70
И покрај дождот, натпреварот помеѓу Брегалница и Пелистер се одигра во одлична атмосфера, под рефлектори на реновираниот стадион во Штип.
Брегалница поведе со гол на Здравков уште во осмата минута од мечот, но Баже Илијоски во 36.го изедначи резултатот со погодок од пенал.
Преку Раденко Бојовиќ во 67. минута, Пелистер направи комплетен пресврт и поведе со 2-1, но само три минути подоцна Костадинов ги постигна конечните 2-2.
Претходно на „Телеком“ арената во Скопје, Шкендија го победи Вардар со 3-1.
Реванш полуфиналните натпревари се играат на 19 април.