419
На дуелот со
Атлетик Билбао, Серхио Рамос беше исклучен по 19. пат во Ла Лига, па тој стана
фудбалерот кој „поцрвенел“ најмногу пати во историјата на најсилното првенство
на Шпанија.
Дефанзивецот
најпрво во 11. минута доби жолт за старт врз Раул Гарсија а во 86. минута
одново влезе во бележникот на судијата откако со лакт го удри во глава Ариц
Адуриз.
За капитенот на
Реал Мадрид ова вооедно беше и 24. исклучување во дресот на „Кралевите“ во сите
натпреварувања, што исто така е рекорд.