Финале пред
финалето, Баерн Минхен на домашен терен пред своја публика го пречекува
бранителот на европскиот трофеј Реал Мадрид во првиот меч помеѓу двете екипи во
полуфиналето од Лигата на шампионите, откако синоќа Ливерпул славеше со 5-2 над
Рома на домашен терен.
Веќе се познати и
почетните состави, па така, од тоа што го гледаме, сосема очекувано, нема некои
посебни изненадувања во обата табора.
Баерн Минхен:
Улрих, Рафиња, Боатенг, Хумелс,
Кимих, Робен, Рибери, Мартинез,
Родригез, Милер и Левандовски.
Реал Мадрид:
Навас, Рамос, Марсело, Карвахал,
Варан, Модриќ, Крос, Касемиро, Иско, Васкез и Роналдо.
Баерн и Реал
имаат одиграно вкупно 16 меѓусебни средби, во кои поуспешен е шпанскиот тим со
осум победи, седум победи забележал германскиот тим, а еден меч завршил
нерешено.
Мечот во Минхен
ќе го суди холандскиот арбитар Бјорн Кујперс.