145
Вечерва (20,45) се игра големото
дерби на Милано каде копјата во осминафиналната рунда од Купот на Италија ќе ги
судрат големите ривали Милан и Интер.
Веќе се познати и
почетните состави за големата пресметка, Милан ќе настапува во формациска
поставеност 4-3-3, доста офанзивна, додека пак Интер во поставеност 4-2-3-1.
Милан: Сторари; Абате, Бонучи, Ромањоли, Родригез; Кеси, Биља, Локатели; Сусо, Калиниќ и Бонавентура.
Интер: Хандановиќ; Кансело, Шкриниар, Ранокија, Нагатомо; Вечино, Гаљардини; Кандрева, Жоао Марио, Перишиќ; Икарди.
Победникот
од оваа пресметка во полуфиналната рунда од Купот ќе се сретне со Лацио кој со
минимални 1-0 вчера беше подобар на домашен терен од Фиорентина.