Трката меѓу Рома, Лацио и Интер за две места кои водат во Лигата на шампионите продолжува. На вчерашниот триумф на Рома, на ист начин одговорија и Лацио и Интер.
Сите три гола на мечот помеѓу Киево и Интер беа постигнати во второто полувреме. Нероазурите поведоа со головите на Икради и Перишиќ, а Киево во 90. минута преку Степински успеа само да постигне почесен погодок.
Серијата погодоци на Лацио против Сампдорија ја отвори Милинковиќ Савиќ, а гол во првото полувреме постигна и Де Вриј. Во вториот дел Имобиле даде два гола за победа од 4-0.
Аталанта со 2-1 го победи Торино, со истиот резултат Кротоне славеше гостински триумф кај Удинезе, немаше погодоци на дуелот меѓу Каљари и Сампдорија.
Вечерва се игра големото дерби меѓу Јувентус и Наполи кое може да даде одговор на прашањето за Скудетото.