Победа му зема мерка на Вардар, шампионот поразен во Охрид

by
1 минути читање

Вардар важеше за голем фаворит против Победа, но на дуелот кој се играше во Охрид се радуваа Прилепчани на триумф од 2-1.

Вардар поведе во 30. минута со гол на Грнчаров со глава и се чинеше дека нема да има проблем да дојде до нови три бода, но не беше.

Во 75. минута по една мешаница во шеснаесетникот на Вардар, топката дојде до Цветановски кој изедначи на 1-1, а осум минути подоцна истиот играч погоди за комплетен пресврт и водство на Победа од 2-1.

Ова е втор последователен пораз на Вардар по оној од Шкендија во Купот на Македонија.

Шкендија не профитираше во целост од киксот на Вардар, одигра само 0-0 против Шкупи, противник против кој не можат да победа во првенството оваа сезона.

Пелистер со 2-1 победи на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров и се зацврсти на третата позиција пред Работнички кој синоќа одигра само 0-0 против Ренова.

Најефикасено беше во Штип каде Брегалница и Силекс одиграа нерешено 3-3.

Табела по 21 коло:

1. Вардар 47

2. Шкендија 41

3. Пелистер 36

4. Работнички 33

5. Ренова 28

6. Силекс 28

7. Победа 19

8. Шкупи 18

9. Македонија ЃП 16

10. Брегалница 12

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани