Победа направи големо изненадување во Купот на Македонија откако во четвртфиналето ја елиминираше Шкендија која е актуелен освојувач на ова натпреварување.
Победа со триумф од 1-0 се врати од Тетово по првиот натпревар, а добриот резултат од тој меч го потврди и денеска во реваншот кој го доби со 2-0.
Денеска Јаник Макота даде по еден гол во двете полувремиња и ја израдува прилепската публика, Победа ќе игра во полуфинале.
Изненадување направи и Македонија Ѓорче Петров која уште еднаш го совлада Работнички, овој пат на негов терен го победи со 1-0 со гол на Христијан Кировски на 20 минути до крајот.
Во полуфиналето се пласираа и двете струмички екипи, Академија Пандев со 6-1 го доби реваншот против Кораби, а Беласица уште еднаш со 2-0 го совлада Силекс.
Резултати четвртфинале Куп на Македонија:
Победа – Шкендија 2-0 (1-0)
Работнички – Македонија ЃП 0-1 (0-1)
Беласица – Силекс 2-0 (2-0)
Кораби – Академија Пандев 1-6 (1-3)
Во заграда се резултатите од првите натпревари.
Фото: ФК Шкендија