107
Пред почетокот на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите,
реваншот во Лондон се водеше како распродаден и немаше билет за средбата на
Емирати.
Но ситуцијата драстично се промени откако Арсенал доживеа тежок пораз од 5-1 и
се наоѓа пред невозможна мисија за продолжување на настапот во најелитното
европско натпреварување.
Само неколку
миниту по крајот на средбата во Минхен, фановите на Арсенал почнаа да ги
препродаваат билетите и одеднаш на платформата за размена се најдоа многу
празни столчиња на Емирати.
Неполни 24 часа
по дуелот на Алианц Арена, речиси во половина од секторите на Емирати има
билети на продажба.